Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против еден адвокат , како и против четиир лица, полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ соопшти МВР.
Според пријавата, пријавените во текот на Септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето на докази во кривична постапка.
Против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка, велат од полицијата.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


