Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:
Почитувани,
Денеска следува разоткривање.
На јавноста, многу сликовито ќе и покажеме како работат кујните на ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации. Како го преплавуваат медиумскиот простор со текстови и манипулации за одвлекување на вниманието на граѓаните и извртување на вистината.
Секогаш кога се фатени во криминал, скандали и предавства како ова со договорните мигранти за пари се вклучуваат кујните на ДПМНЕ!
Ова е нивното разоткривање. Одиме по ред:
Во изминатите две недели, три клучни теми беа доминантни:
1.Бомбите кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ за криминалните тендери на ВМРО-ДПМНЕ.
2.Договорот мигранти за пари во Македонија и
3.Нападот на новинарите на Инфомакс.
Професионалните медиуми, известуваа професионално, ги пренсуваа сите засегнати страни, ставовите на СДСМ, ставовите на власта, соодветно застапени.
Но, кујните на ДПМНЕ и нивните медиумски инсталации имаат проблем со вистината. Тие не ги пренесуваат ставовите на опозицијата, не ги пренесуваат „негативните вести“ за власта, не пренесуваат ништо од тоа што го говори СДСМ.
Секогаш кога ќе се објави негативна вест за власта, започнува серија на објавени текстови, полни со полувистини, манипулации и лаги за да се поклопат вестите кои не и одговараат на власта.
Еве еклатантен пример:
Само 10 минути по прес конференцијата на претседателот Филипче на 10.11, во четврток кујните на ДПМНЕ почнаа да работат.
Не се објавува за што е прес конференцијата, но се објавуваа копи-пејст вести дека Филипче имал прес конференција ама не одговорил на прашања.
Курир, Република, Вечер. Еве дел од насловите:
„Храбриот Филипче избега од сопствената прес конференција“
„СДСМ само се глупира со лагите за мигранти од Велика Британија“ и многу други.
На ова се додаваат мултиплицирани копи-пејст објави за да се покријат ставоите на СДСМ.
Ниту збор за кажаното на прес конференицијата, ниту збор за мигрантите, ниту збор за Резолуцијата, ниту збор за осудата на нападот на Инфомакс од страна на претседателот Филипче, ниту збор дека напаѓачот е член на ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатот: Над 70 различни објави со напад на СДСМ, Филипче и за дефокусирање во еден ден.
Или сликовито тоа вака изгледа. Погледнете.
Три анализирани денови, на еден агрегат на вести, иста слика.
Вака се одвлекува вниманието на граѓаните, вака власта сака да ја промени реалноста, да ја искриви вистината и да ги лаже граѓаните
Исто како во времето на Никола Груевски.
Лажни вести, манипулации, извртување на вистината, политички прогон, напад на новинари, се е тоа исто, копи-пејст.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


