Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За семејната фирма на Томовски што добила 5,5 милиони евра ние да се извиниме? Не, ќе продолжиме!

Соопштение на СДСМ:

Граѓаните денеска ги видоа сите докази, факти, документи кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.

Семејната фирма на Томовски го чисти буџетот, 5.5 милиони евра, 161 тендер.

Особено им тргнало чистењето на буџетот откако ДПМНЕ дошла на власт. Фирмата ја зголемила својата дејност за 306%, а само годинава земала тендери од речиси половина милион евра.

А во фирмата таткото на Томовски и негови близок роднина. Фамилијарните бизниси си течат на големо, буквално цвета.

И Томовски вели да му се извиниме? Затоа што семејната фирма добила 161 тендер тежок 5.5 милиони евра ние да му се извиниме?

Нема шанси Томовски! На криминалци не се извинуваме! Ние се бориме против криминалот и корупцијата и продолжуваме.

Заканите на Томовски не не плашат, не мотивираат. Утре, на нова прес конференција ќе објавиме и нови детали за семејната фирма на Томовски. Ќе видат граѓаните зошто нема да се извиниме.

Можеби ќе ве интересира

Овој ноември сме плаќале поскапо кафе и храна по кафичите и рестораните за цели 4,1 отсто во однос на лани

ДЕСК

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.