Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денеска дожд, од утре сонце

Времето денеска ќе биде облачно, проследено со врнежи од дожд. Според Управата за хидрометеоролошки работи, пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови.

Во утринските часови, по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 10 степени, а максималните од 8 до 12 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Северниот ветер ќе биде слаб до умерен, а температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 12 степени.

Од УХМР најавуваат дека врнежите ќе почнат да се намалуваат во попладневните часови. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време, со пораст на дневните температури. Во котлините, сепак, ќе продолжи појавата на магла./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полицијата удри на повеќе локации низ Скопје – има приведени и малолетници

ДЕСК

Томовски ја демантира СДСМ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.