Centar.mk
ЛОКАЛНО

Дигитална зона – безбедни тинејџери, без насилство

Подигнување на свеста кај средношколците за дигиталното насилство, токсичните онлајн врски, онлајн уцените, притисоците и предизвиците кои младите ги доживуваат на социјалните мрежи.

Стручната фела, невладините, учениците, дискутираа на овие теми и проблеми на настанот „Дигитална зона-безбедни тинејџери, без насилство“, организиран од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

„Денешниот настан е такму наменет за тинејџерите, за нивните можеме да кажеме најголеми проблеми со кои што се соочуваат, меѓутоа е и во рамки на одбележувањето на 16 дена активизам против родово базирано насилство 2025“ рече Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на „Сумнал“.

Учесниците на трибината ги поздрави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Секое дете треба да има безгрижно детство, целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба, е пораката која последниве години се почесто ја слушаме. Ништо не е како некогаш, детската безгрижност денеска е загозена во глобалниот свет и пристапот кон дигиталниот свет.
Некогаш фиксните телефони не правеа среќни, а денеска и тие, но и мобилните се алатки без кои како да не се може и често не вознемируваат.
И како родител и како градоначалник и јас си го поставувам прашањето на кое заеднички со вас и со институцијата која ја претставувам го бараме решението каде е грешката и како да се превенира или поправи“ рече тој.

Општина Битола од крајот на 2022 година има регионален советодавен Центар за жртви на семејно насилство врз жени и деца, каде се пружа психолошка, правно-советодавна и кариерна поддршка.

За проблемите и решенијата зборуваа претставници од полицијата, психолози, социјалнен работник, спортист и инфлуенсерка.
Освен теоретскиот дел, денешниот настан вклучи и симулација со сценарија за реакцијата на учениците.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.