Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Полицијата фати трактор без таблици натоварен со дрва – сè заврши со приведување!

На 02.12.2025 во 17:25 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода 46-годишен маж . Тој бил забележан во атарот на селото додека управувал трактор IMT без регистарски ознаки, со приколка натоварена со огревно дрво.

Набргу потоа, во неговиот двор во селото било утврдено дека дрвата се без соодветна документација, по што дрвата, тракторот и приколката биле одземени и предадени на Шумската полиција во Велес.

Увид извршила увидна екипа на СВР Велес, а лицето било приведено во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.