Политики на власта не носат ништо добро за граѓаните, стандардот не е подобрен, платите не растат, бројот на работници се намалува, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Директно“, на телевизија Телма.
„Станува збор за лоши политики коишто ништо не носат добро кон граѓаните. Ниту им носат подобрување на стандардот, ниту пак им даваат некаква сигурност. Нема раст на платите во ниту еден сектор.Загрозена е сигурноста на исплатата на пензиите за 2026 година. Не дали ќе има раст, дали воопшто ќе може да се исплаќаат пензиите ако има некаква криза и ако тие пари од Буџетот екстра 50% од вкупната сума на пари или една милијарда евра, не може да стигнат до пензионерите“, рече Филипче.
Тој додаде дека ликвидноста на приватниот сектор е доведена во прашање поради доцнење на исплатата на ДДВ, а бројот на вработени континуирано се намалува.
„Нема на поврат на ДДВ. Фирмите затвораат поради тоа што не стигнуваат пари од поврат на ДДВ до нив. Тие пари коишто во наше време стигнуваа истиот ден, навремено кога треба да стигнат, ги користеа за развој, за нови инвестиции и така живеа фирмите. Сега затвораат, се повеќе има невработени. 17.000 работници има помалку. Значи 17 илјади луѓе помалку уплаќаат придонеси, што значи дека дупката во Фондот за ПИОМ уште повеќе ќе расте затоа што нема кој да го полни“, рече Филипче.
Во интервјуто Филипче укажа дека според анализите економските парамтри се влошени, а центраниот Буџет нема развојна компонентна.
„Буџетот нема развојна компонента, само 40 милијарди денари има за капитални инвестиции,годинава тие не се реализирани ни 50%. Има одлив на странските инвестиции, само 200 милиони евра наспроти 800 милиони евра во времето на нашите мандати“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


