Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски уред за потпишување, таканаречен „автоотпен“, објави тој на својата социјална мрежа Truth Social.

„Сите документи, прогласи, извршни наредби, меморандуми или договори, потпишани по налог на сега озлогласениот и неовластен „АВТООТПЕН“, во рамките на администрацијата на Џозеф Р. Бајден помладиот, со ова се ништовни, неважечки и немаат понатамошна правна сила или ефект“, рече тој.

Секој што добил „Помилување“, „Ублажување на казна“ или кој било друг правен документ потпишан така, ве известува дека споменатиот Документ е во потполснот и целосно ништовен и нема никакво правно дејство. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, додаде Трамп.

Минатата недела, Трамп објави дека ги откажува сите документи потпишани од поранешниот претседател Џо Бајден со помош на автоматско потпишување. Ова наводно се 92% од документите потпишани од поранешниот претседател на САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.