Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа.
Зборувајќи со новинарите под услов да остане анонимен пред министерскиот состанок на НАТО, функционерот рече дека иако алијансата е свесна за неодамнешните изјави на Путин, не ги толкува како знак на вистинска намера, објави „Европска правда“.
„Путин може да каже дека е подготвен за војна. Но, кога Путин ќе каже нешто – тоа често се покажува дека не е вистина. И во секој случај, не верувам дека Владимир Путин е подготвен за војна со Европа“, рече функционерот.
Претставникот на НАТО призна дека воените капацитети на Русија остануваат значајни, особено со оглед на искуството што Русија го стекна во војната во Украина. Сепак, ова не ги прави заканите на Путин веродостојни, според алијансата.
„Тој не е подготвен. Но, не велам дека Русија не произведува доволно воена опрема и не велам дека на Русија ѝ недостига воена способност или економска основа за таква кампања. И, секако, ова не значи дека Русија не сака да ја промени европската безбедносна архитектура“, објасни функционерот.
„Причината е што тој знае дека НАТО ќе се брани – и дури и да има способност да води војна, нема способност да победи. И најважно – верувам дека Путин разбира оти НАТО сега е неверојатно обединет во одбраната на своите сојузници“, заклучи високиот функционер./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


