Centar.mk
СВЕТ

Скандал во Германија: армиска муниција оставена без надзор, а потоа украдена

Непознати лица украле 20.000 куршуми воена муниција, што им припаѓале на германските вооружени сили (Бундесверот), од камион на цивилна транспортна компанија, кој бил оставен преку ноќ на необезбеден паркинг во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Министерството за одбрана потврди за „Шпигел“ дека возачот на цивилна транспортна компанија ангажирана од вооружените сили за транспорт на муниција паркирал камион натоварен со муниција на германските вооружени сили на необезбеден паркинг во индустриска зона во близина на Бург, а потоа решил да спие во хотел додека товарот бил оставен без надзор.

Прелиминарните податоци од истрагата покажуваат дека непознати лица го отвориле товарниот простор на камионот во текот на ноќта и украле неколку сандаци муниција што им припаѓала на вооружените сили, а кражбата била откриена дури кога возачот пристигнал следниот ден за да ја достави стоката во блиската касарна. Првичната процена покажала дека биле украдени приближно 10.000 куршуми бојна муниција за пиштоли, 9.900 куршуми маневарска муниција за автоматски пушки и таканаречени димни бомби./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.