На прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше дел од новото раководство на Фудбалскиот клуб „Илинден“, како и новиот претседател Ѓоко Стерјоски.
На состанокот, новото раководство на клубот го информираше градоначалникот за новите планови и цели во наредниот период, а тој им посака успех во понатамошната работа.
Во знак на благодарност, претседателот на ФК „Илинден“, на градоначалникот му подари симболичен подарок – дрес со неговото презиме, симболично означувајќи ја новата фаза на партнерство меѓу општината и клубот.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе остане посветена на поддршката за развој на спортот и спортските клубови на територија на општина Илинден.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


