Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Пеколна ноќ во Горно Оризари – автомобил целосно изгорен, огнот стигна до куќите!

Ноќеска (01.12.2025) во 03:00 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „8 Септември“ во селото Горно Оризари, битолско, во дворно место било опожарено паркирано патничко возило „Шкода Октавија“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на 58-годишен жител на селото.

Од пожарот возилото целосно изгорело, а биле зафатени и куќа и гаража сопственост на 50-годишен жител од Горно Оризари и 33-годишен жител со престој во Австрија.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.
Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +