Centar.mk
ЛОКАЛНО

Средба помеѓу полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид и претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

На иницијатива на СВР Охрид, денеска се одржа работна средба помеѓу полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид и претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

Целта на средбата беше размена на информации и координација околу повторните телефонски измами на претежно повозрасни лица за наводно случени сообраќајни незгоди. Притоа, полициските службеници укажаа на потребата, Здружението низ своите активности како и низ други форми, да врши поинтензивно информирање на своите членови за телефонските измами на претежно повозрасни лица за наводно случени сообраќајни незгоди предизвикани од членови на нивните семејства. Во таа насока, Здружението на пензионери, наскоро ќе организира трибина на оваа тема на која, членовите подетално ќе се запознаат со начините и формите на вршење на кривичното дело како и со постапките што треба да се преземат по добиено телефонско јавување.

Целта е да се заштитат граѓаните од душевна болка но и од барањата на сторителите да плаќаат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да биде ослободен од кривичен прогон. По средбата, полициските службеници на повеќе места во градот, разговараа со повеќе граѓани и низ непосреден конатакт ги информираа за појавата со телефонските измами, за напорите на СВР Охрид за пронаоѓање на сторителите и ги повикаа граѓаните, на внимателни реакции при евентуално добиени известувања, апелираа да не наседнуваат на барањата за давање пари и итно пријавување на секое јавување.

фото СВР Охрид

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.