Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Го рестартираа по три години! Ново тело ќе решава критични проблеми во Скопје

По повеќе од три години застој, денес во просториите на Град Скопје се одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници. Со повторното активирање на ова тело се воспоставува редовна и функционална пракса на координација меѓу сите општини, со цел навремено и системски решавање на проблемите во Скопје.

Градоначалниците договорија заеднички пристап во креирањето на Буџетот на Град Скопје и во дефинирањето на приоритетите, со што ќе се овозможи поефикасно адресирање на наталожените предизвици, но и подобра усогласеност во реализацијата на нови проекти од интерес на граѓаните. Оваа соработка ќе значи брзи, координирани и практични решенија на терен.

Состојбите што ги наследи Градот беа критични – нарушена финансиска стабилност, нефункционални јавни претпријатија и нерешени комунални проблеми. По преземените мерки, ситуацијата е стабилизирана и ставена под контрола. Ги расчистивме големите и малите диви депонии, градот е значително почист, а јавните претпријатија кои со месеци немале примено плата во меѓувреме се консолидирани со уредени здравствени и пензиски придонеси.

Започнати се и тендерски постапки за клучни проекти предвидени во програмата: решавање на проблемот со Лимак, изградба на кружниот тек во Ѓорче Петров, стабилизација на водниот притисок во високите зони и серија други инфраструктурни и комунални зафати што директно ќе го подобрат животот на скопјани.

Еден од најзначајните и најдраги проекти што се најавуваат е Луна Паркот. По децении чекање, процесот конечно ќе започне, овозможувајќи им на најмладите долгоочекувано место за забава и рекреација.

Паралелно, Градот спроведува динамична акција за отстранување на времените објекти кои го узурпираат јавниот простор. Целта е јасна – ослободување на тротоарите, уреден јавен простор и безбедно движење на пешаците.

Градот најавува интензивна работа во сите општини, паралелна реализација на повеќе проекти и темпо што ќе донесе видливи резултати за граѓаните.

„Следува многу работа и многу посветен труд. Ќе работиме дисциплинирано, координирано и со јасна цел – подобро Скопје за сите граѓани. Најдоброто допрва доаѓа,“ изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

error: Соддржината е заштитена.