Centar.mk
фото Град Скопје
-ЛОКАЛНО

Средба во Град Скопје: Ѓорѓиевски и амбасадорот Улусој разговараа за соработка

Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Н.Е. Фатих Улусој.

Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава во целост:

Средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Н. Е. Фатих Улусој
Денеска остварив работна средба со делегација од Република Турција, предводена од амбасадорот Н. Е. Фатих Улусој.
Делегацијата ја сочинуваа и Синан Танриоген – советник за трговија во Амбасадата на Република Турција, Ирем Нур Ташер – трет секретар во Амбасадата, Доукан Канан – помошник координатор на ТИКА Скопје, Бекир Ибиш – претставник на Турскиот културен центар во Македонија, како и Осман Демирѓул, координатор на меѓународни училишта и претставник на фондацијата „Маариф“ во Македонија.
Амбасадорот Улусој го запознав со нашата програма и визија за современо, паметно и урбано Скопје, како и со јасната заложба за забрзан развој на нашиот град.

Заеднички ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу нашите две земји.
Разговаравме и за тековните активности на Град Скопје, како и за можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во сферата на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис-заедницата.

Посебно внимание посветивме на потенцијалните иницијативи кои би донеле конкретни придобивки за граѓаните на Скопје, како и на размена на добри практики во локалното управување.
Ја нагласив подготвеноста на Град Скопје да продолжи да работи на продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакна континуираната поддршка на Турција за развојните процеси во нашиот град.

На крајот, заеднички го потврдивме потенцијалот за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани и за понатамошно зацврстување на меѓусебната соработка.

фото Град Скопје

error: Соддржината е заштитена.