Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Страшен настан во струмичко: Сопруг ја повредил жена си и се обидел да и внесе течност со шприц!

На 26.11.2025 година, во едно струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на истото село.

Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата.

Лицето е задржано во Полициската станица во Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

error: Соддржината е заштитена.