Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија, четири лица го загубија животот, според првичните информации, додека тројца се повредени. Трагедијата се случила кога патничко комбе удрило во работна машина – валјак, од причини кои сè уште не се познати, пишува Телеграф.рс.
Сцените од местото на настанот се ужасни. Поради силината на ударот, комбето буквално влегло под валјакот и било целосно згмечено. Бројни екипи за итни случаи, пожарникари и полиција веднаш биле испратени на местото на настанот.
Пожарникарите вложија големи напори за да ги извлечат мртвите и повредените од уништеното возило. Според неофицијални информации, неколку лица се извлечени без знаци на живот. Сите повредени се итно пренесени во болница.
Полицијата спроведува истрага за да ја утврди точната причина за оваа тешка несреќа.
Сообраќајот на овој дел од патот е целосно затворен за сите возила. На возачите им се препорачува да користат алтернативни правци до понатамошно известување./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


