Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во наредните денови

До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нова трагедија ја потресе Македонија: 10 годишно дете починало по пад од тераса

ДЕСК

51 годишна скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, веднаш е приведена

ДЕСК

Објавил неколку коментари со омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК