Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

За Министерството за здравство обезбедени осум електрични возила преку грант за помош од Владата на Република Кореја

Министерството за здравство, со поддршка од Владата на Република Кореја, преку грант за помош обезбеди осум современи електрични возила, со инсталација на станици за електрично полнење.

– Заедно со амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким, денеска, извршивме примопредавање на првите три возила од грантот, а до крајот на месецот очекуваме да пристигнат уште пет возила, со што целосно ќе се реализира донацијата од вкупно осум електрични возила. Оваа значајна поддршка од Република Кореја претставува важен чекор во зајакнување на институционалните капацитети и ќе овозможи поефикасно, поекономично и еколошко функционирање на инспекциските служби, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Во рамки на примопредавањето, министерот Алиу изрази благодарност до Владата на Република Кореја за континуираната соработка и придонесот кон зајакнување на капацитетите во јавниот здравствен систем.

error: Соддржината е заштитена.