Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите со нови најави: Дожд и невреме – некаде и снег

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, во југоисточните делови со услови за појава на грмежи. На повисоките планини на северозапад врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

error: Соддржината е заштитена.