Centar.mk
Screenshot
-МАКЕДОНИЈА

Ноќна акција кај Струга! Уапсен Албанец кој нелегално ја преминал границата!

Албански државјанин е приведен во шумскиот појас кај месноста „Добра Вода“, откако нелегално ја преминал македонско-албанската државна граница и остварил нелегален престој во земјата.

Настанот се случил на 22.11.2025 година, околу 01:45 часот, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ го затекнале и привеле лицето во близина на регионалниот пат Струга – Ќафасан.

Лицето било затекнато во нелегален престој и со тоа сторило прекршок согласно член 147 од Законот за странци. По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Следува сонце, па значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

ДЕСК

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК