Три лица од Скопје се лишени од слобода на различни локации во градот, откако полицијата кај нив пронашла бела прашкаста материја и марихуана.
Настанот се случил на 21.11.2025, кога полициски службеници од СВР Скопје ги привеле лицата и извршиле заплена на недозволени наркотични средства. По целосното документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.


