Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Несреќа меѓу автобус и автомобил: Судир кај Струга – една жена во болница со тешки повреди!

На регионалниот пат Струга – Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило и автобус, при што тешко е повредена сопатничка од автобусот.

Несреќата се случила на 21.11.2025 околу 11:20 часот, кога патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски таблички, управувано од 70-годишен жител на Велешта, се судрило со автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кој го управувал 42-годишен жител на Лабуништа.

Во сударот тешки телесни повреди здобила патничка во автобусот, 58-годишна жена од Лабуништа, а повредите ѝ биле констатирани во Медицинскиот центар Струга.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Можеби ќе ве интересира

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток

C +

Кузеска: Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ!

C +

Сали: Европската интеграција е заеднички проект на државата и општеството

C +