Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Ноќ на хаос на патиштата: Алкохол, приведувања и сообраќајни незгоди во четири града!

Повеќе возачи се лишени од слобода во Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка, поради управување возила под дејство на алкохол. Во два случаи биле предизвикани и сообраќајни незгоди.

На 22.11.2025 околу 01:30 часот, на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода возач на „голф“ со штипски регистарски ознаки, кај кој било утврдено присуство од 1,94 промили алкохол во крвта.

На 22.11.2025 околу 01:26 часот, на ул. „Никола Карев“ во Кочани, полицијата го привела возач на „фиат“ со кочански регистарски ознаки, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода. Кај него биле измерени 1,58 промили алкохол.

На 22.11.2025 во 02:50 часот на ул. „Прилепски Бранители“ во Прилеп, полициските службеници привеле возач на „опел“ со прилепски регистарски таблички, кај кого контролата покажала високи 2,79 промили алкохол.

На 21.11.2025 околу 09:34 часот во Крива Паланка, на ул. „Св. Јоаким Осоговски“, полицијата лишила од слобода возач на „бмв“ кој исто така учествувал во претходна сообраќајна незгода. Било утврдено присуство од 2,06 промили алкохол.

По целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ПРЕД ВИКЕНДОТ – УХМР најави ветер, дожд и пониски температури

ДЕСК

НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК НА 200 ДЕНАРИ – Амандманот не доби поддршка

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК