Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до јавноста откако неодамна помина една ноќ во болница, велејќи дека е во одлична здравствена состојба. За време на посетата на изложба во Москва, тој потврди дека бил подложен на медицински преглед кој вклучувал и ноќевање во болница.
„Фала му на Бога, сè беше во ред“, додаде Путин. Тој објасни дека станува збор за дводневни прегледи – бил примен во болница едно попладне и отпуштен следниот ден. Сепак, оваа епизода е само последната во низата од оние што ги поттикнаа долгогодишните шпекулации за здравјето на рускиот лидер.
Во ноември минатата година, за време на неговиот престој во Астана, Казахстан, вниманието беше насочено кон необични, нагли движења на неговите нозе. Додека зборуваше на прес-конференцијата, цврсто се држеше за говорницата, додека нозете му се чинеше дека неконтролирано се грчат.
Коментирајќи го снимката за „Дејли експрес“, д-р Боб Беруким, уролог во Њујорк, рече дека ваквите движења можат да укажуваат на неколку состојби, вклучувајќи ја Паркинсоновата болест и други невролошки заболувања./Извор:Makfax


