На 19 ноември 2025 година, околу 00:40 часот, во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булевар „Трета македонска бригада“ и улица „Пролет“. Патничко возило од марката „киа“ со скопски регистарски таблички, при движење изгубило контрола и удрило во рекламен билборд.
Во несреќата тешко била повредена сопатничка од возилото, која била пренесена и хоспитализирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


