Денеска се приведени околу десетина лица и се вршат претреси на одредени локации.
– Се работи за лица вработени во Управата за јавни приходи, за злоупотреба на службена положба и примање мито, изјави јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
Се водеше предистражна постапка за лица коишто беа вработени во УЈП, а се водеше истрага за лица коишто беа поврзани со кочанскиот предмет, рече тој.


