Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата е одговорна за трошењето на народните пари, и затоа не гледам причина за зголемување на платите на судиите и обвинителите

Детално периодот го проучувам овој случај, вклучително и делот со буџетот кој што се одвојува за обвинителството и судството, дури и Венецијанска комисија има забелешки за тој член каде што се определува буџетот за судскиот буџет, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски посочи дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството, затоа што, како што рече, Македонија како држава, одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75 проценти од земји членки на ЕУ.

Јас пред неколку дена во едно интервју дадов една анализа во делот на финансирањето на правосудните системи во Европа. И од таа анализа направена и финансирана од европска институција тоа е Советот на Европа, за податоци 2022 објавени во 2024 година дојдовме до заклучок дека Македонија како држава, Владата одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75 проценти од земји членки на ЕУ. Да речеме ние издвојуваме 0,39 проценти од нашиот БДП во 2022, замислете во 2023 и 2024 година БДП многу повеќе порасна отколку во 2022, да речеме Франција е 0,2, Германија е 0,3 проценти од нивниот БДП, просекот европски е отприлика 0,3, медијаната е помала 0,21 проценти, истакна тој и додаде:

Јас навистина не гледам потреба зошто овој процес на сила да го буткаме и зошто треба од овие да речеме за судовите се издвојуваат 0,3, другото отпаѓа на обвинителите и доаѓаме до вкупен број од 0,39 проценти. Не гледам како можеме ние да си дозволиме да покачиме на 1,3 проценти, 0,8 за судови, 0,5 за обвинител од БДП, тоа би било некаде отприлика 260 милиони долари годишно, но тие пари ги немаме. А од друга страна се бара од нас фискална консолидација бидејќи претходната влада не направила фискална консолидација, и ние од високи нешто под 5 проценти буџетски дефицит, оваа година се консолидираме на под 4 проценти, а до година се обидуваме да дојдеме и до 3,5 проценти, а зошто да не и под 3 проценти буџетски дефицит. Така што јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или се вкупно 0,35 проценти од нашиот БДП.

Ќе повторам има претседатели на судови кои што имаат месечни примања од околу 180.000 денари, отприлика 3.000 евра месечно. Јас како премиер мојата плата заедно со стажот со годините кои што ги имам од претходно е 155.000 денари, значи од прилика 2.500 евра. Не мора да е многу подолу, иста нека биде на претседател на суд. Судиите немаат под 100.000. Судија почетник на пример во Македонија, годишната бруто плата му е околу 19.134 евра, во Словенија 34.000 евра, некаде околу 85 проценти повеќе, во услови кога БДП на Словенија е 350 проценти поголем од нашиот. Значи четири пати повеќе ако ги гледаме овие пропорции.

Премиерот Мицкоски рече дека нема да се мешаат во плановите за вработување и унапредување, но како Влада се одговорни за трошењето на секој денар народни пари.

Така што ние ќе направиме закон со кој што ќе дозволиме еве плановите за вработувања, плановите за унапредувања да ги определуваат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а нас нека не информираат, ние нема да се мешаме. Еве го буџетот тој ќе биде толку, но од набавка на хигиенски средства, до реконструкција на објекти ќе треба самите да се грижат, а ние како Влада сме одговорни пред граѓаните за што се троши народниот денар, дециден е Мицкоски.

error: Соддржината е заштитена.