Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Чаир: Започнува опремувањето на општинските училишта со нов инвентар

Општина Чаир денес презеде значаен чекор кон подобрувањето на условите во основните училишта на општината. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија“, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, г-ѓа Теута Идризи. Посетата се реализираше по повод доставувањето на новиот инвентар, кој веќе е распределен во училиштето.

ОУ „Лирија“ е опремено со 200 модерни клупи и 400 ергономски столчиња, кои се прилагодуваат според возраста и висината на учениците, создавајќи покомфорни услови и пофункционална средина за одвивање на наставниот процес. Истата донација е реализирана и во Основното училиште „Хасан Приштина“, при што во двете училишта ќе се уредат вкупно по шест наставни кабинети со нов инвентар.

Овој инвентар е дониран од компанијата „Ефтинија Импекс“, на која Општина Чаир ѝ изразува благодарност за поддршката и посветеноста кон образованието и заедницата.
Донацијата се реализира во рамките на активностите за ноемвриските празници, меѓу кои и Денот на Албанската Азбука.

Ова е само почеток.

Целта на Општина Чаир е во рок од една година сите основни училишта да бидат опремени со нови клупи и столчиња од овој стандард, со што значително ќе се унапредат условите во училишната средина и стандардите на наставата, велат од Општина Чаир.

фото Општина Чаир

error: Соддржината е заштитена.