Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајна несреќа во Липково, повредениот во болница

На 18 ноември 2025 година, околу 20:00 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во селото Липково, општина Липково, патничко возило „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишен маж од селото Отља, удрило 42-годишен пешак од селото Липково.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле потврдени во Општата болница Куманово. На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.

error: Соддржината е заштитена.