Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и најхрабри борци – предвремено родените бебиња.
„Верувајте во вашите мали херои, кои не по своја желба ја започнале животната борба многу порано од своите врсници. Со позитивна мисла и верба тие ќе пораснат во вистински херои“, изјави д-р Станка Танчева-Крстевска, специјалист педијатар. Настанот поттикна конструктивни дискусии за современите пристапи во неонаталната нега и за реалните предизвици со кои се соочуваат родителите и експертите при грижата за прематурните новороденчиња.
Првиот панел од конференцијата, модериран од прим. д-р Марина Поп Лазарова, ги потенцираше актуелните медицински сознанија во неонатологијата и важноста на мултидисциплинарниот пристап во грижата за предвремено родените бебиња. Експертите од областа – проф. д-р Катерина Дамевска, д-р Симонида Спасеска и проф. д-р Силвана Наунова-Тимовска – беа едногласни: најсилна поддршка за предвремено родените бебиња е мајчинската љубов, која носи стабилност, топлина, сигурност и природен мир.
„Современата медицина многу ни помага, но најсилен ефект кај предвремено родените бебиња има контактот кожа на кожа. Тој ја зајакнува врската мајка–дете и ги стабилизира виталните параметри. Мајчината љубов е вистински лек“, нагласи проф. д-р Наунова-Тимовска.
Зад секое предвремено родено бебе стојат милиони предизвици, безброј непроспиени ноќи и голем број неизвесности, но и силна мрежа од љубов, верба и посветеност, која го претвора секој мал чекор напред во голема победа, едногласно заклучија панелистите/родителите на прематурчиња Маја Кикириткова, Горан Папаз и доц. д-р Игор Исјановски на панелот модериран од д-р Станка Танчева-Крстевска.
„Излегов од болница сама, со празни раце, додека другите мајки си заминуваа со своите бебиња. Тоа чувство не се заборава“, изјави Маја Кикириткова, мајка која двапати ја поминала тешката, но храбра патека на предвременото породување. Синот на Маја, Лазар, поминал 40 дена во инкубатор, а ќерката Ева по раѓањето била 8 дена на опсервација. „Овие мали борци се борат секоја секунда. Верувам дека таа борба ќе ги направи силни низ целиот живот“, порача Кикириткова, испраќајќи недвосмислена поддршка до сите родители кои поминуваат низ слични ситуации. Охрабрувачка порака исполнета со надеж испрати и панелистот доц. д-р Игор Исјановски, кој бил роден во 28. недела од бременоста, со 900 грама телесна тежина, а кој денес е доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.
За улогата на таткото во семејствата со прематурни новороденчиња говореше и Горан Папаз, татко на четири деца, од кои три се предвремено родени, кој посочи: „Татковците треба рамноправно да учествуваат во растењето на децата. Тоа не е помош, туку одговорност еднаква на онаа на мајката.“
Како бренд со речиси пет децении традиција во хигиената и негата на детската кожа, Бекутан останува посветен и сигурен сојузник на родителите и на експертите во грижата за најмалите уште од првиот ден по нивното раѓање. Оваа година брендот континуирано обезбедува резерви од кремот Becutan Sensitive SOS во пет родилни центри, каде што под строг медицински надзор повторно се потврдени неговата безбедност и ефикасност во негата на најчувствителната кожа.



S





