Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заменик-претседателот на Владата за добро владеење Арбен Фетаи во средба со амбасадорката на Република Грција, Н.Е. Софија Филипиду

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска одржа средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду, заедно со заменик-амбасадорката г-ѓа Кристина Василату. На почетокот, г. Фетаи им посака добредојде и изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на Грција на патот на Северна Македонија кон европската интеграција.

За време на разговорот се дискутираше за успешното одржување на локалните избори во 2025 година. Амбасадорката Филипиду ги честиташе Владата и институциите за организацијата на слободни, фер и целосно демократски избори,

Зa време на средбата се дискутираше и за европската перспектива на земјата. Се разгледаа последните препораки од Извештајот за напредок на Европската комисија и се идентификуваа приоритетните области каде што се потребни дополнителни напори за да се забрза процесот на зачленување во Европската Унија. Страните ја реафирмираа заедничката посветеност на унапредувањето на реформите и продлабочувањето на билатералната соработка во оваа насока.

Заменик-претседателот Фетаи исто така ја информираше амбасадорката за интензивната работа на неговиот Кабинет, нагласувајќи ги постигнатите резултати во борбата против корупцијата, финансиските истраги и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот, зголемувањето на транспарентноста и тесната соработка со граѓанскиот сектор. Се истакна дека овие реформи даваат значајни резултати и ја зголемуваат довербата на граѓаните во институциите.

Страните изразија задоволство од високото ниво на односите меѓу двете земји и подготвеност за уште поблиска соработка во иднина. Грција продолжува да биде еден од најсилните поддржувачи на Северна Македонија на патот кон европското семејство.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК