На 17.11.2025 во 06:25 часот во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, пред клучка Групчин, настанал пожар во патничко моторно возило ,,опел“ со гостиварски регистарски таблички во движење, управувано од лице(34) од с.Галате, гостиварско.
Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од тетовската територијална противпожарна единица. Увид извршила екипа од СВР Тетово.


