Centar.mk
БИЗНИС

НОВА ОДЛУКА ВО РКЕ: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од ноќеска на полноќ следува ново покачување на малопродажните цени на горивата во државата.

Според најновата одлука:

ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 1 денар по литар и новата цена изнесува 75,50 ден/лит.

ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така се зголемува за 1 денар по литар, при што новата цена ќе биде 77,50 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) бележи пораст од 0,50 ден/лит, па од полноќ ќе се продава по цена од 72,50 ден/лит.

Цените се зголемуваат во однос на претходната одлука од 18.11.2025 година, а новите износи важат до следната корекција која Регулаторната комисија ја спроведува во согласност со методологијата за пресметка на малопродажните цени на нафтените деривати и горивата за транспорт.

error: Соддржината е заштитена.