Деветгодишно момче од Бар почина ненадејно. Како што објави порталот „Приморски“, три дена пред кобниот настан, момчето добило мали сипаници и имало висока температура, поради што неговите родители го носеле на лекар неколку пати.
Споменатиот портал потврди дека родителите го однеле детето кај педијатарот во Општата болница во Бар во текот на ноќта помеѓу петокот и саботата.
Сепак, дежурниот педијатар проценил дека нема потреба да го хоспитализира пациентот таа ноќ. Здравствената состојба на момчето се влошила во следните неколку часа. Момчето починало во саботата наутро.
До последните неколку дена, кога добило мали сипаници, момчето немало здравствени проблеми, што според медиумот, го поставува прашањето – која е причината за прераната смрт на детето.
Извештајот од обдукцијата треба да ја открие причината за ненадејната смрт на деветгодишното момче./Извор:Makfax


