Министерот за економија Бесар Дурмиши соопшти дека минималната плата ќе се зголеми во март, а не предвреме.
Зголемувањето ќе биде онолку колку што законски следува, согласно формулата за пресметка.
Популистички одлуки нема да има, образложувајќи дека со тоа ќе се зголеми инфлацијата.
„Да одиме на притисокот кој што ни го прават синдикатите, ние со таа одлука ќе вршиме притисок на малите и средните претпријатија, каде што врз тој притисок они ќе немаат финансиски средства да ги платат своите работници. Ќе бидат на некој начин да кажеме, ќе мора да ги отстранат од работните места тие работници што ги имаат, каде што ќе влијае на инфлацијата поради тоа што е економски циклус“, рече Бесар Дурмиши.
Синдикатите уште пролетоска бараа минимална плата од 500 евра, но сега велат дека и тие се премалку. Во моментов минималната плата изнесува 400 евра.


