Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лукровски го доби уверението за градоначалник на општина Карпош

Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа.

Градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што им посака добро здравје и успешно справување со претсојните работни предизвици.

„Во мене нема да имате само градоначалник, туку и пријател и колега чија врата ќе биде ширум отворена за соработка. Кај мене ќе бидете добредојдени за да ги разгледаме сите отворени прашања, да се консултираме и заедно да изградиме еден поубав Карпош“, посочи Лукровски.

Претседателот на ОИК – Карпош им ги додели Уверенијата за мандатите и на 27 советници, кои во претстојниот четиригодишен мандат (2025-2029) ќе ги застапуваат интересите на карпошани во општинскиот Совет./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.