Centar.mk
СВЕТ

Кремљ: Украина на крајот ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција

Москва, чиишто сили се обидуваат да го преземат Покровск во источна Украина, ја обвини украинската страна дека одбива да учествува во мировни преговори, додека Киев смета дека условите на Русија се неприфатливи и претставуваат барање за капитулација.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение и дека го сака мирот, но ако тоа не е возможно, ќе продолжи да се бори за сопствената безбедност.

Песков додаде дека Украина на крајот ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција, бидејќи позицијата на киевскиот режим се влошува секој ден.

ТАСС претходно објави дека Русија е подготвена за продолжување на мировните разговори во Истанбул. Последната средба меѓу делегациите се одржа на 23 јули и траеше само 40 минути./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.