Осврнувајќи се на начинот на владеење на македонската влада и нејзините капацитети, професорот Љубомир Фрчковски во емисијата во Центар оцени дека за разлика од Македонија, Албанија е далеку повеќе посветена на евроинтеграцијата
„Еди Рама е за нив академик во политиката. Има еден став, нека го земат последниот став, „ќе направиме се, да седнеме рамноправно на масата на ЕУ’“.Тоа е политика која Мицкоски треба да ја подели исто така заедно со сите политичари во Македонија. Да направиме се да седнеме на рамноправна маса на политика на ЕУ. Таа политика ја дава внатрешната стабилност, таа политика создава пари за нас бидејќи секое поглавје од процесот на ЕУ интеграција е 800 до милијарда евра грант во проекти. Не кредити, грант. Не разбирам како овој човек може од уста да им земе на Македонците толку пари и тоа да го пројде онака“ вели Фрчковски.
Тој потоа се осврна и на она што македонската влада треба да го прави, а упорно не го прави.
„Затоа велиме дека овие се најнеспособната влада на свет, затоа што нормална влада би направила агенција при Владата која би правела само проекти и која би се финансирала од самите проекти, значи не од буџет, проекти. Тоа би биле експерти од 15 области од земјоделство до култура и тие би ги правеле проектите“ смета Фрчковски.
Оваа статија има 559 прегледи


