На 08.11.2025 ОПКМСР Гевгелија поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Гевгелија против К.М.(40) од Р.Турција, а со привремен престој во Р.Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Имено, истиот ден околу 07:50 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, пријавениот кој дошол со патничко возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, при гранична проверка приложил фалсификувана возачка дозвола.
Оваа статија има 417 прегледи


