Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ сака да скрои опозиција по мерка – бараат оставки

– Структурните реформи со кои Филипче и СДС сугерираа нивен нов почеток, на повидок никаде ги нема и покрај фактот што Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата и петта на ниво на Градот Скопје, изјави Викторија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ.

– Јасно е дека со ваквото однесување СДС навлегува во се подлабoка политичка криза. Безидејноста и дезориентираноста кај СДС е очигледна и дополнително ги поткопува нејзините веќе разнишани темели.

Крајно време е СДС да се реформира. Оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака и понатаму политички да егзистира.

Во СДС има чесни и трудољубиви активисти, но не можат да дојдат до израз поради Филипче, неговиот ментор Заев и политиките што ги водат со кои го доведоа СДС во овој стадиум.

Македонскиот политички систем има потреба од опозиција со интегритет и визија, затоа СДС мора конечно да се ослободи од прангите на Филипче и Заев, вели Андоновска.

Можеби ќе ве интересира

Пукање од автомобил во движење во близина на угостителски објект во Струга

ДЕСК

СИЛЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Метеоцентар со детали кога да очекуваме стабилизација

ДЕСК

Драматична тепачка меѓу повеќе лица во скопската населба Аеродром – причината банална

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.