Една од најголемите ставки во буџетот за следната година се социјалните трансфери, ќе се исплаќаат и повисоки плати, а ќе се зголеми и пензијата.
Новото линеарно зголемување од 1.000 денари за сите пензионери е потврдено, исплатата сепак нема да започне пред март 2026 година.
Иако оваа мерка ќе важи за сите пензии – без оглед на нивниот износ – времето во кое се најавува предизвикува загриженост кај пензионерите, особено со оглед на тековниот раст на трошоците за живот и инфлацијата која овој месец беше измерена на 4.5 проценти.
И ова покачување за пензионерите е добредојдено, но зимата ќе биде долга и тешка, со оглед дека март не е блиску.


