Centar.mk
СВЕТ

Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.

„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руската нафта може да тече: Америка нема да му прави проблеми на Орбан во снабдувањето со руска нафта и покрај санкциите

ДЕСК

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

C +

Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил

C +
error: Соддржината е заштитена.