Centar.mk
СВЕТ

Перу ја прогласи мексиканската претседателка за непожелна личност

Перуанскиот конгрес ја прогласи мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум за „персона нон-грата“, неколку дена откако Перу ги прекина дипломатските односи со Мексико поради тоа што Мексико ѝ одобри азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавес.

Чавес, која била премиерка во времето на соборениот претседател Педро Кастиљо, се засолнила во мексиканската амбасада во Лима за да побара азил. Мексико соопшти дека азилот е даден согласно меѓународното право, одбивајќи ги обвинувањата на Перу дека станува збор за „непријателски чин“.

Перу го разгледува правниот основ — „Конвенцијата од Каракас“ од 1954 година — на која се повика Мексико.
Односите меѓу двете земји се затегнати уште од 2022 година, кога Мексико одобри азил на сопругата и децата на Кастиљо.

Бетси Чавес е обвинета за заговор во обидот за распуштање на парламентот и се соочува со казна до 25 години затвор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп победи? Овој човек ќе се предаде: Подготвен сум да ја напуштам земјата

ДЕСК

Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт

C +

„Дали има само еден претседател Вучиќ, интервјуата се чини дека ги даваат сосема различни луѓе“, вели Захарова

C +
error: Соддржината е заштитена.