Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги прими лидерите на 5 централноазиски земји во Белата куќа.
Американскиот лидер ги идентификуваше критичните ретки земни елементи како клучен приоритет и ги истакна напорите на неговата администрација за обезбедување синџири на снабдување преку нови глобални договори.
На средбата со Доналд Трамп присуствуваа лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
Разговорот се одржа во време кога Вашингтон се стреми да го прошири своето влијание во нивниот регион, богат со природни ресурси.
Доналд Трамп изјави дека е решен да го зајакне партнерството со петте земји./Извор:Makfax


