Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Прогласена четиридневна жалост по трагедијата во Тузла

Тузла е обвиена во тага по вчерашниот пожар во дом за стари лица, во кој животот го загубија 11 мина. Поради оваа голема трагедија, една од најголемите во поновата историја на градот, градоначалникот Зијад Лугавиќ прогласи четиридневна жалост, што почнува денес, пишува „Кликс.ба“.

Голем број луѓе добиле со полесни и тешки повреди во пожарот. Според последните информации, 15 пациенти сè уште се во болница. Состојбата на четворица од повредените е исклучително сериозна и тие се поврзани на респиратори.

Со одлука на градоначалникот, денови на жалост во Тузла ќе бидат денес, утре, сабота и недела. Во овој период јавноста треба да се придржува до пропишаните правила. Четврток е прогласен за ден на жалост на ниво на Федерацијата на Босна и Херцеговина и округот Брчко./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ја уби својата партнерка, па нејзиното тело го скри во замрзнувач: српската полиција го фати 43-годишниот убиец

C +

38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“

C +

Девојка нападнала полицаец со нож во Белград, тој ја застрелал во ногата

C +