Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека Европската Комисија во најновиот извештај нотира дека во Буџетот не се предвидени пари за потребните реформи,што е алармантно. Тоа како што кажа Филипче, го загрозува спроведувањето на Планот за раст.

„Во Буџетот не се предвидени доволно финансиски средства за да се спроведува Планот за раст. Значи не се предвидени пари за да се спроведуваат реформите коишто прво ќе го зајакнат системот, а понатаму не носат до дополнителни извори на средства од Европската Унија, откако реформите ќе се спроведат согласно Планот за раст“, рече Филипче.

Тој додаде дека ЕК во извештајот го потврдува она што и СДСМ го зборува изминатите година и пол во делот на спроведување на реформската агенда.

„Потребно е спроведување на суштинските реформи поврзани со ЕУ, потребни се трајни решителни чекори за забрзување и споредување на сите ЕУ реформи- споредувањето е делумно и со доцнење во сите столбови на Планот за раст, изјави Филипче.

При тоа, Филипче посочи дека владата ниту има капацитет, ниту волја. ниту визија како од државата да ја води напред.

„Реформите се од заеднички интерес, граѓаните тоа го очекуваат. И тие се огледало на вистинската волја на владата да ги менува работите на подобро, да се откаже од злоупотребите на судството на администрацијата и на целиот државен апарат. Во крајна линија напредокот во реформите е клучна оцена за тоа дали било која влада е искрена и нешто сака да смени во државата.Согласно ова, за жал очигледно е дека владата на Мицковски ниту сака, ниту има намера да направи нешто суштински добро во државата“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

ДЕСК