Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна.

„Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на Вучиќ.

„Разбираме дека врз Србија се врши невиден притисок. Затоа ситуацијата таму не е лесна. Ги разбираме проблемите со кои се соочуваат Србите“, додаде тој.

Во интервју за германското списание „Цицеро“, Вучиќ рече дека на Европа ѝ е потребна муниција и потврди дека им понудил на своите пријатели во Европа договор да купат сè што има Србија, што го опиша како феноменален придонес кон европската безбедност.

Вучиќ истакна дека српските складишта за муниција се полни, со особено голема залиха од минофрлачки гранати. На прашањето за можноста муницијата купена од Србија подоцна да биде предадена на Украина, Вучиќ рече дека купувачите ќе можат да прават што сакаат со неа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Планот на ЕК предвидува: Со воз од Софија до Атина за 6 часа

C +

Женско тело пронајдено во замрзнувач во Србија, се трага по нејзиниот партнер

C +

11 загинати и над 30 повредени во пожарот во дом за стари лица во Тузла

ДЕСК