Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаити прогласи тридневна жалост по ураганот Мелиса, најмалку 30 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето

Хаити прогласи тридневна национална жалост почнувајќи од денес кога најмалку 30 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од ураганот Мелиса, според официјалните бројки.

Владата исто така прогласи тримесечна вонредна состојба во неколку региони.

Ураганот ги погоди и Јамајка, Куба и Бахамите. Мелиса ја погоди Јамајка со полна сила убивајќи најмалку 28 лица, според прелиминарните официјални извештаи.

Министерството за култура на Јамајка соопшти дека ќе одржи добротворни концерти за собирање средства за обнова.

Со слоганот „Ја сакам Јамајка“, реге-музичарите ќе настапат во Кингстон од 14 ноември по што ќе следуваат концерти во Лондон, Њујорк, Торонто и во јужна Флорида. Целосниот распоред сè уште не е објавен.

„Како што сме правеле толку многу пати досега, се свртуваме кон нашата музика, нашата реге-музика, која се покажа како лековит мелем и еликсир во време на тага не само за жителите на Јамајка туку и за целиот свет“, напиша министерката за култура, Оливија Грејнџ, на „Инстаграм“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Малдиви воведоа трајна забрана за тутун за сите родени по 2007 – мерката веќе стапи во сила

ДЕСК

Трамп: Не размислувам да испратам ракети „томахавк“ во Украина

C +

Хамас ги предаде телата на тројцата заложници

C +