Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во првиот круг од локалните избори 2025.

Во првиот круг излезеноста била: Гостивар – 33,31%, Маврово и Ростуше – 30,31%, Врапчиште – 25,18%, Центар Жупа – 21,49%, што е под законскиот минимум од една третина од запишаните гласачи.

Според Изборниот законик, изборниот процес ќе се повтори во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од локалните избори.

Денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Според податоците од Државната изборна комисија, одѕивот до 9 часот е 2,88 проценти./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК